Време е за добра забава: „Нокаут“ со настап во Скопје!

Фото: Инстаграм

По одличната минатонеделна свирка на дистанца со Тамара, следува нова тура македонска музика – овој пат дружба со единствените Нокаут.

Пере и дружината ќе бидат дел од забавата под мотото петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена во Intermezzo Music Bar од каде, пак, велат дека продолжуваат со серијалот притоа задржувајќи ја традицијата да бидат секогаш уникатни и поразлични од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња и неколкумесечна пауза заради корона кризата.

Најавениот анплагд концерт на Пере и Нокаут е закажан за утревечер (петок), а бројот на влезниците е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот