ВРЕМЕ Е ЗА ДЕРБИ: Поддршка од Бахамите за Осогово и Саса! (ФОТО)

фото/твитер

Навистина е прекрасно да се следи македонскиот второлигаш Осогово на социјалните мрежи! На нивниот Твитер профил неретко може да се видат супер креативни објави преку кои клубот ги известува фановите за активностите на ГФК Осогово.

Денес клубот објави една атрактивна најава за новиот второлигашки меч претстојниов викенд, односно во недела во 14.30 часот, ГФК Осогово ќе се обиде да ја прекине резултатската криза против ФК Каменица Саса.

– Ова се Ива, мис жетварска убавица 2019 и Македонка десно. Тие од Бахамите ги поддржуваат своите локални клубови Осогово и ФК Вардар. Време е за дерби!!! Поддржувај го својот домашен клуб! – пишува на официјалниот Твитер профил на ГФК Осогово.

Од Бахамите жонглираат со топката, што звучи како една многу привлечна реклама што го најавува овој натпревар. ГФК Осогово во текот на сезоната и пред нејзиниот старт го привлекува вниманието со своите објави низ социјалните мрежи во стилот на најпознатите европски и светски фудбалски клубови.

Дуелот од деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига – Исток ќе се игра в недела со почеток од 14.30 часот.

Моментно на табелата ФК Каменица Саса е на шестата позиција со седум бодови (13 помалку зад лидерот Кожуф), а ГФК Осогово е на деветтото место со само една победа и три бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот