Вредноста на златото допрва ќе расте

Вредноста на златото изминативе 15 месеци се покажа како успешна и стабилна, со раст на вредноста од 10 проценти, откако стратезите на Федералните резерви направија промена на монетарната политика, наведуваат економските аналитичари.

Според нив, главницата на билансите на централната банка останала стабилна на околу 25 проценти од БДП-то, идентично како и цената на златото.

„Бидејќи договорите и очекувањата за економските резултати, како и  фискалните трошоци се зголемуваат, а билансите на централната банка се дуплираат, цврстите валути ќе се најдат под притисок. Поради тоа, инвеститорите ќе  ја зголемат побарувачката за злато, велат финансиските експерти.

Оттаму и прогнозата за зголемувањето на цената на златото од 1.695 долари за унца 2020, која следната година би се зголемила за 2.063 по унца. Според прогнозите, цената во наредниот период би можела да се подигне од сегашните 2000 на 3000 долари по унца

Инвеститорите кои бараат заштита од економскиот пад и од целната рефлација на економијата преку фискалните парични двигатели, ќе се свртат кон златото како единствена сигурна вредност.

Аналитичарите потенцираат дека Федералните резерви не можат да штампаат злато, па оттаму и фактот дека златото има најсигурна и најреална вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот