Вредноста на американскиот долар нагло порасна поради коронавирусот

Фото: Архива

Индексот на доларот на лондонската берза синоќа достигна 99.63 прооцетни поени, или највисок показател во изминатите три години.

Вредноста на американскиот долар се вивна максимално како последица на коронавирусот Ковид-19, јавуваат американските медиуми.

Индексот на доларот на лондонската берза синоќа достигна 99.63 прооцетни поени, или највисок показател во изминатите три години.

„Блумберг” цитираше аналитичари кои сметаат дека растот на американската валута ќе продолжи како резултат на ширењето на коронавирусот. Глобалната економија и пазарите трпат штети, За да го заштитат вложениот капитал, меѓународните инвеститори ги напуштаат ризичните активи во корист на американскиот долар.

Целосна спротивност на доларот е јапонскиот јен кој моментално е на најниско можно ниво од 2017 година, поради стравувања за можна брза рецесија на јапонската економија, јавува денеска Блумберг.

Изданието наведува дека наглиот раст на доларот во овој век се случува по 14. пат. Во секој од тие случаи американската девиза добивала 2.4 отсто за 40 денови.

Коронавирусот се појави во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019 година. Од болеста досега починаа речиси 2,250 луѓе, мнозинство на територијата на Кина. Вкупниот број на заболени во целиот свет е околу 77 илјади додека излечени се 18,468 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот