Вратите на Барселона се секогаш отворени за Гвардиола

твитер

Пеп Гвардиола четири години ја предводеше Барселона, од 2008 до 2012 година и за тој период освои три титули во Ла Лига, а два пати триумфира во Лигата на шампионите, но се засити од работата во каталонскиот клуб и побара нов предизвик, прво во Баерн Минхен, а сега е тренер на Манчестер сити.

Како играч, Гвардиола помина 11 години во Барселона (1990-2001) и притоа освои шест титули во Ла Лига и една во ЛШ.

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу тврди можно е повторно Пеп да се врати во Каталонија.

– Тоа не зависи од мене. Пеп одлучи да си замине, но вратите во Барселона секогаш му се отворени – изјави Бартомеу за „Ла Република“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот