Враќањето на Пеп во Барселона би било идеално

EPA-EFE/ANDY RAIN

Жозеп Марија Бартомеу, претседателот на Барселона, изјави дека вратите за Пеп Гвардиола се секогаш отворени. Гвардиола ја предводеше Барселона од 2008 до 2012 година и за тоа време освои дури 14 трофеи, од кои три титули во шпанската Ла Лига и две во Лигата на шампионите.

– Нормално дека Гвардиола секогаш ќе биде еден од главните кандидати за тренер на Барселона. Секогаш кога тоа место ќе биде празно, Гвардиола е во мислите. Сепак, се сомневам дека Пеп би се вратил повторно на клупата на Барселона. Но, можеби на друга позиција, како на пример директор на фудбалската академија. Имаме идентична филозофија. Неговото враќање во клубот би било идеално – вели Бартомеу.

По заминувањето од Барселона, Пеп Гвардиола три години го предводеше Баерн Минхен, а од 2016 година е на чело на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот