ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА: Србија пресилна за македонските фудбалерки!

фото: ФФМ

За момент барем се понадевавме после триумфот над Казахстан (4:1) во второто коло дека доаѓаат подобри времиња во македонскиот женски репрезентативен фудбал, но траеше само кратко.

Денеска во третото квалификациско коло од групата „Г“ за пласман на Европското првенство на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, сениорките загубија убедливо од Србија со 0:6.

Српските фудбалери постигнаа по три гола во двете полувремиња, Благојевиќ и Вуковиќ имаа по два гола, а по еден Филиповиќ и Стефановиќ.

На табелата води Србија со максимални шест бода, следуваат Австрија (еден меч) и Македонија (три меча) по три бода, на четвртата позиција е Франција која сеуште нема одиграно натпревари и на дното Казахстан без бодови.

До крајот на годината нашата женска фудбалска селекција ќе одигра уште еден меч повторно на домашен терен против Австрија на 8 ноември со почеток од 13.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот