Вработените во Ватикан кои ќе одбијат вакцинација ќе останат без работа

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Ватикан им соопшти на вработените дека можат да ризикуваат да ја изгубат работата ако ја одбијат вакцинацијата против ковид-19 без оправдани здравствени причини.

Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, кој е гувернер на Ватикан, стои дека вакцината е одговорен избор поради ризик од нанесување штета на други луѓе.

Ватикан вработува неколку илјади луѓе, кои главно живеат во Италија. Програмата за вакцинација на Ватикан почна минатиот месец, а папата Франциск беше меѓу првите кои се вакцинираа.

Во декретот на седум страници стои дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, можат да добијат друга работа, каде би имале контакти со помалку луѓе, но дека ќе добијат иста плата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот