Вработените во судската служба на протест пред Основниот суд во Охрид

Фото: МИА

Вработените во администрацијата во Основниот суд во Охрид утрово протестираат, со цел да го искажат незадоволството од работата на Судската служба, како и поради неисплатата на средствата за вработените што беа обезбедени преку преговорите што со Владата ги имаше Синдкатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација.

Тие побараа од Судскиот буџетски совет да прекине со праксата на, како што истакнаа „дискриминирачки, егоистичен и игноратски однос” кон судската служба, со забелешка дека средства за судиите секогаш се обезбедуваат, додека за службата нема.

Истовремено, вработените во судската администрација бараат од Министерството за правда под итно да пристапи кон измени на законите, со утврдување поинаква позиција на Судската служба, во смисла на нејзина независност од Судскиот буџетски совет, формирање тело одговорно за вработените во судската служба.

Во Основниот суд во Охрид има седумдесеттина вработени во судската служба, меѓу кои дактилографки, референти во судскиот шалтер, стручни судски соработници, судска полиција, курирска служба… Инаку, се работи за исплата на средства од пет проценти на месечните примања, односно меѓу 500 и илјада денари што е, како што беше истакнато од учесниците на протестот, помалку отколку петте проценти што им се исплатени на судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот