Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ спасиле од смрт бебе сокол

ЈП „Паркови и зеленило“ на официјалниот фејсбук профил напишаа дека нивните вработени во Карпош 4 спасиле од смрт бебе сокол.

„При извршување на редовните активности нашите вработени од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт бебе сокол од видот ветрушки. Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина од каде ќе биде предадена на одгледувач – љубител на птици на опоравување и згрижување.“ пишува на нивната објава.

Погледнете:

При извршување на редовните активности нашите вработени од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт бебе сокол од…

Publiée par ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP "Parqe dhe gjelbërime" – Shkup sur Vendredi 22 mai 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот