Вработените во Институтот за јавно здравје ќе го добијат ветеното покачување на платите (ВИДЕО)

Вработените во Институтот за јавно здравје кои немаат добиено покачување на плата, како што беше најавено, ќе го добијат зголемувањето, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новионарско прашање.

-Во однос на платите на вработените во Институтот за јавно здравје, веќе е спремен колективниот договор, којшто ќе биде соодветно пресметан, согласно зголемувањето. Точно е дека оваа организација, малку се задоцни, затоа што се правеше ревизија на претходните пресметки, меѓутоа средставата на буџетот во Фондот се обезбедени и за Институтот за јавно здравје и тоа ќе биде во функција и ќе го добијат згоемувањето како и сите здравстевни работници- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот