Вработените во гевгелиските градинки негативни на коронавирус

Резултатите од тестирањето,кое во рамки на скринингот го направи ПЕ на центарот за јавно здравје, покажаа дека сите 110 вработени во ЈОУ „Детска радост” во Гевгелија се негативни на коронавирусот.

Со последните резултати, кои пристигнаа од лабораторијата на Центарот за јавно здравје од Велес,се покажа дека ниту еден вработен во шесте градинки на територијата на општина Гевгелија од кои три се во градот и по една во Богородица, Негорци и Миравци не е заразен од Ковид-19, односно дека сите се негативни на корона вирус.

– Негативните корона тестови потврдија дека здравствената состојба на вработените е добра во пресрет на повторното отворање на градинките за децата што за нас секако претставува пријатна вест – рече директорката Бети Стефановска.

Прочитајте и...  МВР во потрага по поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Таа нагласи дека пред скринингот во сите објекти на шесте детски граднки била извршена дезинфекција,дезинсекција и дератизација и дека капацитетите и вработените во градинките се целосно подготвени за повторно прифаќање на децата во моментот кога одлуката за тоа ќе ја донесат надлежните власти во земјата.

Прочитај повеќе

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Заев кој има рекордна поддршка и кај Македонците и кај Албанците

Слободен печат

Мицкоски: Заев е кошмар за Македонците, но е најпосакуван сон за соседите (ВИДЕО)

Слободен печат

Извршени 16 несродни трансплантации, земјава на мапата на светски центри за лекување најтешки заболувања на крвта

Слободен печат