Вработените во Германија трошат 17 отсто од своето работно време работејќи од дома

Unsplash
фото: ЕПА

Вработените во Германија трошат просечно 17 отсто од своето работно време работејќи од дома, но овој процент значително варира во различни сектори, се вели во извештајот објавен од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Работата од дома е особено распространета во ИТ секторот, каде работниците работат од дома во просек 58 отсто од своето работно време, додека во градежништвото и угостителството овој процент изнесува само два отсто.

Обемот на работа дома во Германија во никој случај не се намалува, не е променет во однос на претходната година“, коментира истражувачот на ИФО, Жан-Виктор Алипур.

Работата од дома е особено честа појава во големите компании каде вработените во просек поминуваат 20 отсто од своето работно време дома, а во малите и средни претпријатија овој процент е само 15 отсто. Уделот на германските вработени кои работат од дома во моментов е 23,4 отсто.

Резултатите се засноваат на истражување спроведено на примерок од приближно 9.000 компании во Германија, според веб-страницата IFO.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот