Вработените во француски „Ројтерс“ на штрајк поради отпуштања

Фото: Профимедиа

Вработените во новинската агенција Ројтерс во Франција со огромно мнозинство одлучија да штрајкуват денеска за да изрази незадоволство од отпуштањата, се вели во соопштението на претставниците на персоналот.

Со штрајкот „сака да се осудат методите на менаџментот кои преку телефон известило шестммина вработени за намерата да ги отпуштат, точно шест месеци по објавувањето на план за спасување работа со кој 20 вработени заминаа од агенцијата или повеќе од половина од францускиот сервисен персонал“, се додава во соопштението.

Штрајкот трае од полноќ до полноќ во вторник.

– Новите отпуштања што ќе го преполоват бројот на вработени во услугата за фотографии во Франција се дел од политиката за намалување на трошоците, маскирана со уредничка стратегија, која носи значителна вознемиреност кај вработенит – се предупредува во текстот.

Американско-канадската групација „Томсон Ројтерс“, сопственик на агенцијата, на крајот на 2018 година објави дека ќе укине 3.200 работни места или 12 проценти од работната сила во следните две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот