Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до крајот на годината

Компанијата очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јули, изјави нејзиниот портпарол.

Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до крајот на годината доколку се во можност тоа да го прават се вели во соопштението на компанијата.

Странските агенции пренесуваат дека одлуката е донесена во време кога пандемијата на коронавирус ги принудува владите да продолжат со мерките за седење дома за да го контролираат ширењето на болеста.

Компанијата очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јули, изјави нејзиниот портпарол.

Вирусот, кој досега зарази повеќе од 3,8 милиони луѓе ширум светот, наложи воведување сериозни блокади во повеќето земји и го смени начинот на функционирање, а работењето од дома сега се појавува како нова норма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот