Вработените треба сами да одлучат – или пониска плата или отказ

– Сметаме дека ако постигнеме договор за редуцирање на платите, тогаш може да се избегне затворање на најголемиот дел од работните места, додаде генералниот директор на „Рајанер”.

Ирскиот нискобуџетен авио превозник „Рајанер” планира да затвори околу 3.500 работни места доколку со вработените не постигне договор за намалување на платите, изјави денеска генералниот директор на авиокомпанијата Мајкл О’Лири.

Компанијата претходно објави дека го намалила бројот на вработените за повеќе од 250 луѓе низ Европа и размислува за намалување на бројот на пилотите и кабинскиот персонал за околу 3.000 лица.

– Веќе најавивме затворање на околу 3.500 работни места, но започнавме обемни преговори со нашите пилоти и кабинскиот персонал од кои бараме да прифатат намалување на платите како алтернатива за отпуштање од работа, истакна О’Лири.

Тој нагласи дека е „планирано намалување од 20 отсто за најдобро платените капетани и пет проценти за најниско платените стјуардеси’.

– Сметаме дека ако постигнеме договор за редуцирање на платите, тогаш може да се избегне затворање на најголемиот дел од работните места, додаде генералниот директор на „Рајанер”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот