Вработена во аптека спречила кражба

СВР Тетово / СП. архива

Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката по што без да земе нешто заминало и машкото лице.

 -Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември” непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо, соопшти СВР Тетово

Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот