Вработена во аеродром му дала порака на патник по што била ЕКСПРЕСНО отпуштена – Кога видел што пишувало ВЕДНАШ ја пријавил (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Вработена во обезбедувањето на аеродромот во Њујорк добила отказ бидејќи на еден од патниците му дала порака на која пишувало: „Ти си грд!!!“.

Инцидентот се случил во јуни, но за него се дознало оваа недела, кога патникот Нил Страснер ја добил снимката од надзорната камера и ја ставил на Јутјуб.

На снимката од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му дава порака на Страснер, откако тој поминал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тој момент не размислувал на пораката и дека продолжил кон излезот, но вработената викнала по него: „Ќе сакаш да ја прочиташ пораката?“

Кога тој го сторил тоа, таа почнала да се смее, а подоцна тој се пожалил на нејзините супервизори. Службата за сообраќајна безбедност соопштила дека жената работела како дела од обезбедувањето по договор и истакнала дека има нула толеранција за такво однесување на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот