Вработен во сервис за автомобили осомничен за злоупотреба на 912 570 денари

Полиција / Фото: МВР

Поднесена е кривична пријава против И.П.(33), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, бил вработен во сервис за автомобили и во текот на 2020 година, преку компјутерски систем, континуирано и неовластено внесувал невистинити податоци на фактурите за поправка на возила.

Со тоа И.П. го оштетил сервисот за 912 570 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот