Вработен во Општина Кисела Вода заразен со коронавирус, карантин за пет лица со кој бил во контакт

Вработен во Општина Кисела Вода бил заразен со вирусот Ковид-19, а петмина вработени, кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин, информираат од општината. Градоначалникот Филип Темелковски и кризниот штаб на денешниот состанок донеле препораки како за вработените така и за жителите на Општината.

За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување.

Поради новонастанатата ситуација, Општината Кисела Вода соопштува дека до 12 мај нема да работи со странки туку сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви.

Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина

071261194

075309930

070 292 962

078 373 779

Сектор за урбанизам и просторно планирање:

02/2785429 за легализација

02/2785420 за одобренија за градење

02/2785443 за просторно планирање

Сектор за инспекциски работи

02/2785449

02/2785456

02/2785465

Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт

02/2785418

Сектор за месна самоуправа

02/2785427

Сектор за нормативно правни работи

070 226 037

072 314 988

-Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка во Северна Македонија, информираат од општината.

Оттаму додаваат дека дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива. Во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин дезинфеција ќе се врши на преку три дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот