Вработен во казино си присвоил 11.500 евра

Игри на среќа / Фото: Илустрација

Триесет и осумгодишниот Ц.И. од Куманово од полицијата заработи кривична пријава. Тој е осомничен дека сторил кривично дело „затајување“.

Според МВР, тој бил вработен како домаќин на клуб во две казина во Куманово. Годинава, во повеќе наврати од вработените во клубот побарал пари од сефот, при што од вкупно доверени 1.200.000 денари, депозит за исплата на добивки, присвоил за себе сума од 679.500 денари. Земените пари се до 7 минатиот месец кога била извршена контрола, не ги вратил во клубовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот