Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

23-годишен скопјанец вработен во обложувалница доби кривична пријава откако со клуч извадил пари од апарати за видео лотарија (ВЛТ) и ги вложил во самите апарати, а откако немал среќа, се „покрил“ со 5.000 евра што повторно ги вадел од апаратите, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, како вработен во спортска обложувалница во населба Лисиче во Скопје, за време на неговата смена, со клучевите кои му биле доверени ги отклучил касите од трите ВЛТ апарати на игри на среќа и од нив ги извадил паричните средства и ги вложил во апаратите. Откако немал никаква добивка, пријавениот ги отворил апаратите и одзел 297.320 денари,“ се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот