Вработен во АРМ се обидел да изврши обљуба врз колешка

Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков”, потврди денеска МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

– Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков” во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа- се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот