Врабчев: Ме плашат зборовите на Каракачанов дека е подготвен за долга битка

Сите точки од Договорот за добрососедство со Северна Македонија станаа жртва на историскиот спор на т.н. историска комисија, смета Андреј Врабчев од бугарската Фондацијата „Татковина”. Според него, во моментов бугарската страна е заглавена во историјата, без да сфаќа дека пишува приказна во која ќе биде наведено дека застанала против луѓето што ги дефинира како свои браќа.

Во изјава за БНТ, Врабчев како можно излезно решение од сегашната ситуација, предлага расправата за историските спорни прашања да биде одложена за време кога ќе има поволни услови за тоа.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт во Северна Македонија, дали ќе зборуваме за историја. Апсурдно!”, посочува Врабчев.

Според него, Софија со односот кон Скопје самата си го ограничува во своето влијание на Балканот.

– Бугарија беше лидер по потпишувањето на Договорот со Северна Македонија, по што престана да ја има лидерската позиција, и Грција го презеде водството во регионот. Бугарија во моментов е пречка на Балканот, наместо да учествува во проектот на Европската унија и да го прошири своето влијание во Македонија, вели Врабчев.

Тој смета дека бугарската страна треба да се повлече од ситуацијата, бидејќи веќе заборавила до каде е стигнато и кои се заедничките интереси со С Македонија.

– Потребно е брзо решение, затоа што секоја ескалацијата на негативни чувства кон Бугарија значи враќање на Македонија на оската на Белград. Бугарија нема интерес Македонија да назадува и повторно да се сврти кон Белград, истакнува Врабчев.

Вели дека сè започнало со декларацијата за бугарските услови кон Македонија усвоена во Парламентот на Бугарија, која е обврзувачки документ.

– Бугарија се најде во ситуација да може да загуби од малата Македонија, што е многу страшно за нашите политичари, додава Врабчев.

Според него, за да се реши спорот и да се надминат недоразбирањата, мора да се подобри реториката.

-Тоа не може да се направи со постојани провокации. Секогаш кога нешто важно треба да се случи во Македонија, Красимир Каракачанов се вклучува со некаква провокација, која се прифаќа од другата страна – од македонската ВМРО, која е нивна слика од огледало, што се чини дека е координирано. Ова не е ништо ново – се случува веќе 30 години, изјави Врабчев.

Сегашното бугарско однесување, како што оценува, создава ситуација во која не изгледа како лага тврдењето дека Бугарија е лошата страна.

-Ме плашат зборовите на Каракачанов дека е подготвен за долга битка, како Грците кои се бореа 28 години. Ако уште 30 години сме во позиција да ги спречуваме да влезат во ЕУ, овие луѓе, нашите браќа, за кои би требало најмногу да се грижиме, вели Врабчев.

Аналогијата со Грција, според него, е многу погрешна, бидејќи Софија и Атима имаат спротивни цели.

-Тие требаше да постават линија на разграничување со македонската држава и македонскиот идентитет, бидејќи тие не се грчки. Ние имаме сосема спротивна задача – треба да покажеме дека дури и денешната македонска држава се базира на бугарски темели, дека започнала од нашата заедничка култура, од нашата заедничка историја и херои. Кога тоа ќе се случи, работите ќе бидат поинакви. Но, ние влеговме не во заедничка историја, туку во поделба на заедничкото наследство, изјави Андреј Врбчев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот