Возот со амонијак кој излетал од шините кај Пирот бил натоварен во Бугарија

Фото: принтскрин

Товарниот воз со амонијак што излета од шините кај Пирот во источна Србија бил натоварен во Бугарија. Тоа го изјави бугарскиот заменик министер за транспорт Красимир Папукчииски.

Според Папукчииски, нема начин да се бара одговорност од бугарска страна, бидејќи инцидентот се случил на територијата на Република Србија. Товарот бил префрлен од бугарската инфраструктура во српската, во моментот на излетувањето со составот стопанисувале српската железница. Единствениот кој ќе учествува во истрагата е сопственикот на цистерните.

Сите 20 вагони се француски и германски, а биле транспортирани од бугарски приватен оператор, посочи бугарскиот заменик министер.

Тој ги советува бугарските граѓани да го ограничат патувањето во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот