Вознијацки замина во пензија: Се надевам дека ќе бидам инспирација за тенисерите од малите земји

твитер

Данската тенисерка го одигра последниот меч во кариерата на Австралија Опен.

Каролина Вознијацки е поразена од Онс Жабур од Тунис во третото коло на Австралија Опен, што значеше крај на кариерата на големиот боррец на тениските терени.

Иако има само 29 години, Вознијачки одлучи да и стави крај на кариерата во која освои 30 ВТА титули, од кои една е грен слем титула, таа во 2018 година триумфира на Австралија Опен, а исто така беше и на првото место на ВТА ранг листата. Таа одлучи да каже доста на тенисот и да се посвети на семејството и сопругот, Дејвид Ли, кој е поранешен НБА кошаркар.


– Премногу емоции имаше на овој дуел, но исто така не можам да сфатам, освен големата возбуда имаше и тага. Само ми се враќаат сликите од времето кога бев дете. Фактот е дека помина многу брзо, но исто така чувствувам дека сум многу долго тука. Ја чувствувам љубовта од сите луѓе и тоа ме прави посебна – изјави Вознијацки.


Каролина Вознијацки е најдобрата данска тенисерка во историјата. Никој од Данска досега не бил меѓу најдобрите 10, а Вознијацки вели дека сака да ги инспирира младите кои доаѓаат од земји кои ги нема на тениската карта, но истовремето сака се сеќаваат на неа по напорната работа.

твитер

– Се надевам дека ќе се сеќаваат на мене како голем работник, голем борец, некој кој даваше се од себе секој ден. Се надевам дека ќе ги инспирирам играчите од малите земји кои никогаш немале грен слем шампион или некој во топ 10 најдобри играчи. Исто така се надевам дека ќе оставам и радост во соблекувалната, бидејќи тенисот е индивидуален спорт – вели Вознијацки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот