Вознијацки се посрамоти, не ја знае разликата помеѓу Витамин Ц и Д

Сега веќе пензионираната тенисерка се посрамоти на социјалните мрежи.

Каролина Вознијацки сакаше да се пофали на своите фанови како ужива во пензионерските денови но и во карантинот поради пандемијата на коронавирусот, но постигна спротивен ефект.

Таа стана цел на потсмев со последната објава во која облечена во костим за капење напиша:

„Витамин Ц. Се обидувам да ги „решам“ светлите линии, но секогаш го штитам своето лице“.

Нејзиниот пост предизвика реакција кај фановите кои сфатија дека поранешната тенисерка не ја знае разликата помеѓу Витамин Ц и Витамин Д.
„Витамин Ц од сонце? Од кога? Мислам дека сакаше да напишеш Витамин Д“
„Колку за информација, не е Витамин Ц кој се создава кога си изложена на сончеви зраци туку Витамин Д“, се дел од коментарите на фановите.

Откако увиде дека погреши, Вознијацки се извини на фановите и го поправи својот статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот