Фото: Н1 / скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Возач покоси студентка на блокадата во Белград и избега

20-годишна девојка, студентка која учествувала на блокада на улицата „Рузвелтова“ во Белград, денеска беше прегазена од возач на автомобил и тешко е повредена, јави „Н1“.

За време на комеморацијата за жртвите од урнатата настрешница на улицата „Рузвелтова“ во Белград, возачот намерно влета во групата студенти, ја удри девојката која стоеше на тротоарот и ја носеше на покривот на автомобилот, по што таа падна на асфалтот. Возачот потоа избега, кога кон него се стрчаа студентите-редари на протестната блокада. „Н1“ објави снимка од вознемирувачкиот инцидент.

Според последните информации, возачот е уапсен кусо време по инцидентот. Се работи за М.П. (38), кој бил седумпати осудуван. Тој ќе одговара за тешко убиство во обид, најави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој рече дека полицијата за многу кратко време успеала да го пронајде и да го уапси напаѓачот, со кого во автомобилот биле уште двајца патници, од кои едниот малолетен.

Од Клиничкиот центар на Србија соопштија дека повредената девојка, која е студентка на Правниот факултет, била примена во свесна, комуникативна и стабилна општа состојба. Како што се наведува, во тек е дополнителна дијагностика на нејзините повреди.

Возачот побегнал од местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот