ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тракторист намерно гази хаска

Видео во кое се гледа како тракторист намерно гази куче од расата хаска, а тоа очајно цвили од болка под тркалата на тракторот ја вознемири јавноста. Монструозниот чин се случил во босанската населба Расљева кај Грачаница во Босна и Херцеговина.

Кучето за среќа преживеало и било згрижено на ветеринарната станица во Грачаница. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

-За среќа, кучето е живо. Ние ќе го известиме обвинителството и ќе биде поднесена пријава против сторителот, изјавиле за Кликс од Министерството за внатрешни работи на Грачаница.

Активистите од здружението „Соништа“ и нивната брза реакција се најодговорни за ваквиот среќен епилог на грозоморната постапка.

– Ќе дознаеме повеќе за здравствената состојба на кучето и сериозноста на повредите по прегледите и рендгенските снимки. Би сакале да му се заблагодариме на Министерството за внатрешни работи на Грачаница, а посебна благодарност му должиме на ветеринарот Нерман Авдиќ од ЈП Ветеринарна станица Грачаница, кој престојуваше со кучето во текот на ноќта, велат од здружението „Соништа“, пренесува Кликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот