ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Свирепо убиство на новогодишната ноќ

Босанската јавност сè уште е во шок откако на социјалните мрежи се појави видео со вознемирувачка содржина од новогодишната ноќ. На снимката се гледа моментот на убиството на Душко Савановиќ од Бања Лука, кое се случи во Трн, во близина на Лакташ, на 31 декември минатата година, за кое е осомничен Далибор Чембер.

Душко Савановиќ (24) од Бања Лука, за чие убиство е осомничен неговиот сограѓанинот Далибор Шамбер (46), беше застрелан од грб во задниот дел на бутот, а почина на 1 јануари годинава, пренесува Новости.

Постои сомневање дека Чембер за време нафизичка пресметка го ранил и Алекса Бабиќ (22), кого го застрелал во нозете со истрел од пиштол.

Милан Ѓурчевиќ (42) е исто така осомничен во овој случај, тој е обвинет за помагање на сторителот по злосторството, пишува Независне.

Окружниот суд во Бања Лука на двајцата осомничени им го продолжи притворот до крајот на март.

Видеото може да го видите тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот