ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Работник со лопата удри 80-годишен свештеник по глава

Православниот свештеник Кочо Капедани (80) од Лежа, Албанија, поднесе кривична пријава против работник од градежна фирма и против полицијата откако работникот физички ги нападна.

Во виралното видео кое веќе неколку дена се споделува на социјалните мрежи се гледа како по вербална расправија изнервираниот работник со лопата го удира стариот свештеник во главата.

Претставникот на Православната црква во Лежа, за локалните медиуми рече дека покрај тоа што го тужи насилникот, ќе поднесе обвинение и против полицијата од овој албански град.

Капедани вели има сериозни видливи повреди на десното око од ударот на работникот на компанија што гради пат во населбата „Гура“.

Тој ја обвинува и полицијата бидејќи наместо да го санкционира насилникот, полицајците се обиделе да го натераат да му прости.

„Бев дома. Копачот дојде и јас се спуштив долу. Му реков да не ги удира силно затоа што ми се оштетени sидовите. Работникот лопатата ја имаше во раката, а јас го имав стапот со кој слегував по скалите. Ме фати за рака и ме удри. Паднав во несвест. Да бидам искрен избројав ѕвезди. Потоа дојде полицијата и потоа не придружуваше до полициската станица. Полицијата не зазеде правилен став. Револтиран сум. Ми рекоа: прости му“, рече Капедани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот