ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Престрелка меѓу дуќанџии во Истанбул, шестмина ранети

Фото Твитер скриншот

Утрово со Истанбул се случи голема престрелка во познатата Капали Чаршија, а локалните медиуми јавуваат дека дошло до судир меѓу две групи кои биле во непријателски односи. Еден човек е тешко повреден, а петмина се со полесни повреди.

Полицаец во цивилна облека, кој се обидувал да го спречи пукањето, е погоден во грбот.

„Денеска околу 10.30 часот во близина на населбата Фатих Илчемиз, на улицата Бејазит Махалеши Чадирчилар, вербална пресметка меѓу две групи кои биле во непријателство, прераснала во престрелка. Во инцидентот повредени се еден полицаец и уште пет лица. Повредените се пренесени во блиските болници. „27 лица се уапсени, а две парчиња оружје се запленети“, изјавија од полицијата.

Според информации од очевидци, до конфликтот дошло меѓу семејства кои имаат дуќани во чаршијата, поради нерасчистени сметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот