ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Популарниот рапер бил брутално претепан додека користел сауна

Фото: Инстаграм/СиксНајн/Скриншот/Твитер

Според вознемирувачката снимка објавена на твитер-профилот на „ОнлиИнДејд“, раперот Текаши СиксНајн во вторникот бил брутално претепан во теретана на Флорида, САД.

Имено, 26-годишниот музичар веднаш бил пренесен во болница откако, наводно, бил претепан во тоалетот на теретаната „LA Fitness“ во јужна Флорида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @6ix9ine

На вознемирувачката снимка се гледаат двајца мажи како го тепаат раперот, додека тој лежи на подот во тоалетот, обидувајќи се да си ја заштити главата од ударите. Додека го тепале, мажите му се дереле и му велеле да замолчи. На крајот, раперот излегол од тоалетот со раскрвавено лице.

Неговиот адвокат, Ленс Лазаро изјави за „Ти-ем-зи“ дека раперот користел сауна кога непознати мажи му пришле и почнале да го удираат. Исто така, адвокатот додаде дека раперот во моментот на нападот немал обезбедување со себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот