(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО): Почина фудбалерот кој доживеа срцев удар среде меч во Португалија!

Фото: Sporting160_EN

Тажни вести пристигнуваат од Португалија, почина фудбалерот кој последните неколку дена се бореше за неговиот живот.

Бразилецот Алекс Аполинарио падна на тревата за време на фудбалски натпревар, а причината беше срцевиот удар кој го доживеа. Неговите соиграчи и противници се обидоа да му помогнат, тој беше итно пренесен во болница.

Третолигашот Алверка за кој играше Бразилецот денеска објави дека нивниот играч починал.

– Со големо жалење ја информираме јавноста за информациите што ги добивме од болницата. Алекс Сандро дос Сантос Аполинарио (24) почина утрово – се наведува во клупското соопштение.

Пред да пристигне во Европа пред две години и ги брани боите на португалската екипа на Алверка, Аполинарио израсна во Крузеиро (Бразил), а во својата земја го носеше дресот на Атлетико Параненсе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот