ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пензиониран УФЦ борец среде емисија го извади окото (ВИДЕО)

twitter/michael

Поранешниот шампион во УФЦ, Мајкл Биспинг среде емисија ги шокира фановите и го извади вештачкото око. Биспинг кој има својата емисија на јутјуб „Believe you me“, призна дека со години ја мамел лекарската комисија која му дозволувала да се бори.

– Носењето очила за сонце во затворени простории го сметам за глупост. Но јас имам вештачко око и настојувам да ги одвратам луѓето да гледаат во него. Поради тоа носев очила за сонце, но и да успеам да ја „измамам“ лекарската комисија. Носев очила за да се сокријам од комисијата. Но, погледнете го ова луѓе – рече Биспинг и го извади вештачкото око.


Повредата на окото, Биспинг ја заработи во 2013 година во борбата против Витор Белфорд кога доби незгоден удар во окото по што подоцна заболе од страбизам. Тоа е пореметување во кое очите не стојат паралелно, туку едното око оди на страна.
Поради оваа болест, ниту Биспинг ниту било кој борец не би смеел да тренира, а не да влезе во октагон, но, Биспинг не сакаше да се откаже од ММА борбите и по цена да го влоши сопственото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот