ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Палестинец се обидува да избега со автомобил, но е фатен од Израелци

Во некои делови од градот Бат Јам преовладуваат арапските групи, додека во други, еврејските. Арапските жители започнаа немири, кршејќи го имотот на Израелците, па следеше одмазда.

Конфликти меѓу еврејските и арапските групи се случуваат во неколку израелски градови. Покрај Лод, целосен хаос владее и во Бат Јам, каде се водат улични борби меѓу Палестинци и Израелци, поточно израелски Арапи и Евреи, на израелска територија.

Вечерва бесната толпа потоа ја отвори вратата од автомобил во кој зад воланот беше Палестинец, кој беше претепан од разулавената толпа.

Во некои делови од градот преовладуваат арапските групи, додека во други, еврејските. Арапските жители започнаа немири, кршејќи го имотот на Израелците, па следеше одмазда.

Израелската полиција ја губи контролата над градовите, а премиерот Нетанјаху размислува да испрати војска на улиците на градовите во Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот