ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од Белград: Пијан малолетник со возило го влечеше полицаецот кој го легитимираше

Фото: Твитер

Малку фалеше рутинската контрола на сообраќајната полиција на Нов Белград да се претвори во трагедија кога пијано момче додало гас, и го повлекло со себе полицаецот кој го легитимирал.

Имено, полициската патрола во доцните ноќни часови запрела патничко возило на кружен тек, на патот за Ледине.

Со возилото управувал малолетникот Л.Ј. (17), а откако полицајците утврдиле дека момчето е во алкохолизирана состојба му наредиле да го напушти возилото, објавуваат Новости.

Тој наместо да ги послуша додал гас, влечејќи го со себе полицаецот кој се обидел да извлече клучот за да го запре возилото.

За среќа нема жртви, а возачот и совозачот се уапсени после овој сериозен инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот