ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ликвидацијата на жената која уби три деца и тројца возрасни во САД

Фото: EPA-EFE/METRO NASHVILLE POLICE DEPARTMENT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Полициската управа на Метро Нешвил од САД објави снимка од застрелувањето на 28-годишната Одри Елизабет Хејл, која се идентификувала како трансродова жена. Таа вчера во приватно основно христијанско училиште во градот на југот на САД уби шестмина луѓе, од кои три деветгодишни деца и тројца вработени во школото. На снимката се гледа како полицајци влегуваат и го бараат напаѓачот, со постојаните звуци на алармот.

Полицајците слушаат пукотници на вториот кат и се качуваат по скалите, а потоа еден од нов отвора оган кон напаѓачката, која паѓа на земја, по што друг полицаец пука уште четирипати од пиштол, извикувајќи „Престани да се движиш“.

Полицијата кај жената која го изведе нападот во училиштето во Нешвил и притоа уби шест лица, пронашла бележник во кој било нотирано дека таа планирала и напади на други локации, соопшти американската полиција.

Во пронајдениот „манифест“ се наведувало дека „ќе има убиства на неколку локации и училиштето е едно од нив“, изјави шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк за американската телевизија.

ВИДЕО: Во вооружен напад во христијанско училиште во САД загинаа најмалку три деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот