ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: НФЛ ѕвезда возејќи над 250 километри на час усмрти млада Србинка

Тинтор го загуби животот кога нејзината „Тојота“ беше удрена од автомобил „Корвета Стингреј“ управуван од Хенри Рагс трети/Фото: Принтскрин/ twitter.com/DjFukov

Трагичниот настан од Лас Вегас, во кој животот го загуби младата Тина Тинтор, Американка со српско потекло, доби ново светло откако објавеното видео беше објавено непосредно пред несреќата.

Тинтор го загуби животот кога нејзината „Тојота“ беше удрена од автомобил „Корвета Стингреј“ управуван од Хенри Рагс трети, НФЛ ѕвезда и еден од најперспективните млади играчи во лигата, во тоа време првата напаѓачка опција на Лас Вегас Рајдерс.

Рагс непосредно пред сударот возел со над 250 километри на час, за да стапне на сопирачката и да ја намали брзината до нешто повеќе од 200 километри на час во моментот кога удрил во возилото во кое била 23-годишната девојка со своето куче, златен ретривер по име Макс.

На видеото објавено од „ТМЗ“ се гледа како „Корветата“ на Рагс буквално „лета“ низ кадарот. Претходно по истиот пат одеше уште еден автомобил, но нема индиции дали се работи за „Тојота“ управувана од Тинтор.

– Еве го Хенри Рагс вози со својата Корвета со околу 250 километри на час неколку моменти пред да предизвика фатален судир во кој загина 23-годишна девојка. Несреќата се случила на околу 100 метри од оваа локација – напиша Мајкл Бабкок, извршен продуцент на спортскиот дел на порталот „ТМЗ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот