ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник тепа жена и го клоца нејзиното куче на улица во Србија

Фото: Инстаграм/принтскрин

Снимка од вознемирувачко насилство во Србија денеска се појави на социјалните мрежи – на неа се гледа како крупен маж на улица удира и малтретира жена и го клоца нејзиното куче.

Жената го шетала кучето без поводник, кога тоа за’ржало и влегло во борба со кучето на мажот, кој се гледа како ја држи жената и ја удира, по што го клоца кучето. Во еден момент, жената успева да застане на нозе, но насилникот, кој цело време ја прашува „Каде ти е поводникот“, брутално ја турка повторно на земја.

Трет минувач, кој исто така шета куче, приоѓа, ја гледа мачната сцена, но не ѝ помага на жената, туку се повлекува.

Откако инцидентот предизвика згрозување и бројни реакции во Србија, полицијата вечерва соопшти дека насилникот од Земун е уапсен, јавија локалните медиуми.

На 39-годишниот И.Б. му е одреден притвор од 48 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот