ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник шутна кученце на улица во Белград – доби притвор и кривична

За насилството од било кој вид нема оправдување ниту пак може да се прости и насилство над животните. По трагите на една снимка од Белград на која се гледа како момче шутира куче, реагираше полицијата и го пронајде сторителот.

-Осомничениот на 5. јануари во Делиградска улица во Белград шутна кученце пред очите на бројни минувачи, за што сведочи и вознемираувачката снимка која кружи на социјалните мрежи. Осомничениот е пронајден, одредено му е задржување до 48 часа по што, со кривична пријава ќе биде приведен пред Првото основно јавно обвинителство во Белград, соопшти српското МВР.

Според полицијата осомничениот П.С. (47) е пронајден на 250 километри од Белград, во Врњачка Бања.

На вознемирувачката снимка се гледа како го шутира кученцето кое весело покрај него мрда со опашката.

Насилникот продолжува да се движи како ништо да не се случило, а несреќното животинче останува да лежи беспомошно.

На друга снимка од безбедносните камери во уличка многу јасно се гледа лицето на сторителот кој неколку дена подоцна е идентификуван и уапсен од страна на полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот