ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж фрли обезглавено тело во Минеаполис, очевидец го сними ужасот

Њујорк полицијаФото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Маж од Минеаполис е уапсен поради сомневање дека на улица од својот автомобил фрлил обезглавено тело, пренесува Си-Би-Ес Њус. 

Како што пишува во извештајот на полицијата, жена (55) била пронајдена обезглавена на тротоар, а откако била пронајдена, спасувачките екипи веднаш констатирале смрт. Целиот инцидент придонесе бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавено видео од инцидентот. 

Полицијата соопшти дека го уапсиле 42-годишниот маж за кој се сомнева дека е сторител на убиството и моментално се наоѓа во притвор. 

Според полицијата, осомничениот и жртвата биле во подолга врска. Тие имале проблематичен однос и чести расправии, со кои полицијата и неколку пати била запознаена. 

Осомничениот веќе има криминално досие, а во 2017-та година бил осуден за семејно насилство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот