ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО I Влета на корона роденден и почна да пука со митралез

Според порталот Кликс.ба, во моментот кога се случил настанот се оджувала роденденска забава. Еден од присутните гости во ресторанот го славел неговиот 18-ти роденден.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види забавата, музиката во живо се додека во еден момент во просторијата не влегува млад човек во црна облека и вика – „исклучете ја музиката“. Тој во рачете држи митралез и веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука.

Полицијата потврди дека мажот е уапсен и дека никој не е повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот