ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Граѓаните на Приштина во шок: Сред бел ден извади пиштол и рани човек

Денес напладне, во населбата „Дарданија“ во Приштина, лицето идентификувано како Н. Ќафлеши беше рането со огнено оружје.

На виралната ексклузивна снимка што ја објавија косвските медиуми се гледа моментот кога осомничениот го вади револверот и пука во грбот на жртвата.

Осомничениот, ја следел жртвата која се движела по улицата „Џемајл Мустафа“ и го застрелал од непосредна близина.

Иако повреден, Ќафлеши стои некое време додека минувачите не му рекоа да легне на улица и да му укажат прва помош.

Сè уште не се познати мотивите што го навеле осомничениот да го изврши ова злосторство во близина на центарот на Приштина.

Полицијата и брзата помош веднаш излегле на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека започнала интензивна истрага за разјаснување на сите околности поврзани со случајот.

Засега нема информации дали осомничениот е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот