ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Две муслиманки брутално избодени под Ајфеловата кула

Фото: Twitter

Две муслиманки се избодени под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапси две осомничени напаѓачки, а медиумите јавуваат дека се работи за расистички напад зошто напаѓачките наводно викале „валкани Арапи“.

Париското обвинителство ги опишало двете осомничени кои се во притвор под обвинение за обид за убиство, кaко „белкињи со европски изглед“.

Нападот се случил откако тензиите во Франција се на високо ниво поради бруталното убиство на професорот Самуел Пати, на кој 18-годишен исламист му ја отсече главата зошто Пати на учениците во рамки на предавањата за слобода на говорот им покажувал карикатури од Мухамед, кого муслиматните го сметаат за пророк.

На социјалните мрежи се прошири снимка на која се слуша како девојка вреска по нападот под Ајфеловата кула.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49-годишната Кенза и Амел, која е две години помлада.

Кенза е избодена најмалку шест пати и заврши во болница со пробиено белодробно крило, а Амел мораше на операција поради повредата на раката, вели извор од истрагата.

Интересно е што нападот се случи во неделата навечер, два дена по бруталното убиство на професорот Пати, но властите веднаш не ги објавија информациите за нападот.

Една од нападнатите жени имала покриено лица, иако се уште не е јасно дали тоа е од верски причини или поради пандемијата од ковид-19.

-Бевме на прошетка како семејство, петмина возрасни и четири деца. Тука кај Ајфеловата кула има еден парк кој е многу мрачен. Одевме и видовме дека кон нас оди две кучиња. Децата се исплашија. Мојата роднина, која беше покриена, ги праша двете жени дали може да припазат на кучињата зошто децата ни се исплашија“, вели Кенза за францускиот весник Либерасион.

Сопственичките на кучињата, рече Кенза, одбиле да ги врзат кучињата и многу брзо потоа следувала кавга, во која се користени расистички навреди.

Една од сопственичките на кучиња, тврди Кенза потоа извлекла нож и ги нападнала Кенза и Амел.

„Ме исече на главата, по ребрата и по раката, а потоа ја нападна мојата роднина“, раскажа Кенза. Сведоци наведуваат дека слушнала повици „Валкани Арапи“ и „Вратете се во својата земја“, пишува Дејли Мејл.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот