ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Човек во Индија бил прегазен до смрт од слон

слон индија прегазен
ФОТО: Принтскрин/ Твитер

Видео снимено од Парвин Касван, службеник на „Индиската шумарска служба“ со опис „Човек го загуби животот. Се прашувам кого да обвинам“, стана вирално собирајќи скоро 200.000 прегледи. Трагедијата се случила во сојузната држава Асам, која е втора по број на диви слонови во Индија.

Шумските власти ја идентификувале жртвата како Пачкал Мура (45). Тој се гледа на видеото како бега од слонот пред да падне. Слонот, кој се отцепи од стадото, го погази Мура, кој итно бил пренесен во блиската болница пред да им подлегне на повредите.

Инцидентот се случил на 25 јули околу 17 часот, додека толпа работници се собрани околу стадо слонови што го преминуваат националниот автопат. Свиркање од возило навидум ги вознемири слоновите, како и човек во виолетова кошула кој ги задева слоновите со жолта крпа. Мура за жал бил на погрешно место во погрешно време кога еден од лутите слонови го променил курсот и побарал одмазда.

Многу корисници на „Твитер“ мрежата во коментари ја пронајдоа вината во толпата која ги провоцира слоновите.

Извор: „NY Post“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот