Вознемирувачката приказна за изолирано племе на канибали кое „јадеше“ од семејното дрво на Рокфелер

Фото: Инстаграм/alfienero

Во јавноста се појавија неверојатни фотографии од изолираното канибалско племе, кое наводно го убило и изело еден наследник во познатото семејство Рокфелер пред речиси 60 години.

На фотографиите можат да се забележат мажи, жени и деца од народот Асмат, познати по своите жртви и ритуали. Фотографот Џанлука Чиодини (41) го поести ова племе во Нова Гвинеја, која сега е дел од Индонезија, и покрај гласините дека тие го изеле телото на Мајкл Рокфелер во 1961 година.

Фото: Инстаграм/alfienero

Авторот Карл Хофман верува дека ја има најточната слика за тоа што навистина се случило на наследникот во семејството Рокфелер, а деталите ги изнесе во книгата „Savage Harvest“, пренесува еден британски медиум.

Мајкл, кој е син на едни од најбогатите луѓе во Америка, во тоа време имал 23 години. Тој паднал во неволја кога неговото пловило се првртело долж брегот на југозападниот дел на Нова Гвинеја, кога истражувал непознати локации во потрага по богатство.

Фото: Инстаграм/alfienero

Препливал 16 километри до брегот и откако конечно успеал да стигне до копното, еден од припадниците на племето го прободел со копје. Синот на тогашниот гувернер на Њујорк Нелсон Рокфелер, кој бил со него, удрен е во задниот дел на главата и усмртен на лице место. Племето тогаш го започнало својот ритуал.

За разлика од Амазонија, нивната земја немала многу природни ресурси, па за луѓето од западот воопшто не била интересна. Но, во тоа време Холанѓаните, кои ја преземале пловидбата во архипелагот во 1800-тите, покажале интерес за колонијата на Асматите. Тогаш, властите наредиле да се убијат петте најважни припадници на племето. Ова не му се допаднало на племето, кое верувало во крвна одмазда. Бруталните убиства на петте племенски лидери оставила сериозен траг во селото и Асматите секој ден барале бели луѓе за одмазда.

Фото: Инстаграм/alfienero

Според документираниот ритуал на Асматите, припадниците првенствено ја отстанувале главата на жртвата, а потоа телото го сечеле низ грбот. Внатрешните органи не се јаделе, додека рацете и нозете се ставале во оган, а одредени делови се пренесувале во круг за сите да ги пробаат. Крвта, која ја чувале, ја мачкале по своите тела. Кога исечената глава била зготвена, тие го ваделе мозокот и го јаделе.

Сите делови кои не ги јаделе, ги зачувувале. Некои од нив се користеле како оружје, а други како религиозни икони.

– Ако тие го убиле Мајкл, вака го направиле тоа – истакнува Хофман.

Многу генерации на Асматите ги ловеле своите непријатели и им ги сечеле главите. Некогаш нивните черепи ги претворале во перници или чинии од кои јадат месо. Асматите имале посебен ритуал и култ кон черепите.

Од черепите на починатите луѓе го отстанувале мозокот, а отворите за очите и носот ги затворале за злобните духови да не можат да влегуваат и излегуваат од телата. Во племето нема сексуални бариери – мажите имаат однос со мажи, ги делат жените и практикуваат полигамија.

Асматите веруваат дека која ќе убијат и изедат човек, дека ја стекнуваат неговата моќ. Секој човек го добива своето име по некој починат или по некој убиен непријател.

По исчезнувањето на Мајкл, семејството Рокфелер отпатувало во Нова Гвинеја и го барала повеќе од една недела. Тогашниот претседател Џон Кенеди упатил сочуство до семејството, нудејќи поддршка. Деветиот ден семејството се вратило дома, а потрагата е прекината. Тие тогаш заклучиле дека тој се удавил.

View this post on Instagram

?? Indonesia ?West Papua ——————————————————— A little bit of “dirty” reportage, blurred, confused like an asmat village during party 🙂 ——————————————————— . . . . . . . . . . . . . . #asmat #reportagem #reportagespotlight #socialdocumentary #reportagephotography #photoreportage #photoreporter #millenium_images #lensculture #worldpressphoto #westpapua #mypixeldiary #nikon_world #actionphotography #villagelife #lifeofadventures #picoftheweek #desi_diaries #heart_soul_portraits #nikonphotography_official #indonesia_traveler #antropology #worldcultures #people_infinity_ #one_shot #travelphotography? #tribes #compositionphotography #ig_energy_people

A post shared by Gianluca Chiodini (@alfienero) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот