ВОЗНЕМИРУВАЧКА ВИСТИНА ЗА НАЈУГЛЕДНАТА СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: По две самоубиства започната истрага, резултатите шокирачки

Повеќето управувачки позиции на Амнести Интернационал ќе останат испразнети откако се појави вознемирувачки извештај за условите за работа во таа светски позната организација која презема акции со цел заштита на човековите права.

-Поранешниот одбор на Амнести Интернационал, кој го сочинувале седуммина директори е расформиран и неговите должности ги преземал транзициски тим. Тој ќе работи се додека не се пополнат сите позиции во новиот четворочлен управен тим што очекуваме да се случи до крајот на 2019 година, потврди портпаролот на организацијата за Би-Би-Си.

Главниот секретар на Амнести, Куми Наидо минатата година наредил независна истрага откако двајца вработени извршиле самоубиство.

Во текот на истрагата испрашани се 475 вработени, а резултатите објавени минатата недела откриваат дека многу од нив сведочат за случаи на злоупотребување кои го доживеале од своите шефови.

Повеќе ќе прочитате тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот