Вознемирувачка содржина: Мајка мета на критики и закани затоа што ја носи својата мала ќерка со себе на лов

Џесика Марфи
Фото: Принтскрин / Instagram

Џесика Марфи вели дека ѝ упатуваат смртни закани и ѝ велат дека ја воспитува својата ќерка да биде „убиец“, бидејќи ја носи на лов со себе, пишува „Мирор“.

23-годишната Џесика за започнала со лов на четиригодишна возраст, откако го молела нејзиниот очув Брендан да оди со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Мајката од Раглан, Нов Зеланд, исто така, ловела со своето семејство, вклучувајќи го и нејзиниот 70-годишен дедо Реј Крејк. И сега, како што вели, се обидува да ѝ ја пренесе својата страст за лов на четиригодишната Лила за која вели дека сака да оди на патувања со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Џесика вели дека се обидува да ја научи својата ќерка за вредноста на дивиот свет и ловот.Но, таа тврди дека додека е поддржана од ловечката заедница, има и многу непријатели кои постојано ѝ испраќале закани преку социјалните мрежи.

Луѓето ми кажуваат колку ги инспирираат моите слики од лов, колку е прекрасно да се види жена ловец и колку сум одличен пример не само за мојата ќерка, туку и за помладите генерации“, вели Марфи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

„Добивам и бројни смртни закани кои ми велат да се самоубијам на што е можно повеќе начини. Добив стотици коментари полни со омраза за мојата ќерка, велејќи дека кога ќе порасне ќе стане убиец“ додава Џесика.

Мајката и ќерката ловат елени, страчки, опосуми и зајаци за време на нивните патувања. Џесика вели дека јаде само месо од дивината, за кое верува дека е подобро од месото „произведено“ во кафез, кое на големо се купува во супермаркетите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Таа вели дека ја учи својата ќерка и другите деца како да ловат во обид да ги едуцира за органското месо и како да ја почитуваат природата.

„Бизарен е начинот на кој луѓето мислат дека можат да судат и да разговараат со другите на овој начин само поради нашиот животен стил и затоа што ние избираме да го добиваме месото на органски начин, наместо да јадеме месо од животно кое било затворено цел живот и е полно со хормони и други хемикалии за да може да расте побрзо“, откри таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

Најголемото животно што Џесика го уловила било бик тахр на јужниот остров во Нов Зеланд – тие можат да тежат до 300 килограми.

Видео на денот