ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Татко и ќерка се удавија во Рио Гранде!- Слободен печат
ВестиПланета

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Татко и ќерка се удавија во Рио Гранде!

Оскар Алберто Мартинез и неговата ќерка Енџи Валерија се удавија во Рио Гранде кога во неделата се обидоа да ја преминат границата.

Страдања на имигрантите се секојдневние на дел од границата меѓу САД и Мексико. Последно сведочење е фотографијата на татко и ќерка од Салвадор, кои лежат мртви со лицето во водата на брегот на реката Рио Гранде.

Ова е застрашувачки, жив доказ за опасноста со која многумина се соочуваат кога се обидуваат да влезат во САД и пример за човечки жртви како резултат на кризата на јужната граница на САД, објави CNN.

Активистите за човекови права со месеци предупредуваат дека на границата ќе има сè повеќе смртни случаи бидејќи имигрантите се принудени да влезат во САД во опасни подрачја. Истото се случува и поради политиката на американската влада, што им отежнува на многумина од нив да добијат азил на легалните гранични премини.

Оскар Алберто Мартинез и неговата ќерка Енџи Валерија се удавија во Рио Гранде кога во неделата се обидоа да ја преминат границата.

Фотографијата на татко и девојче, за кое „Асошиејтед прес“ тврди дека имало 2 години, ја сними новинарката Јулија де Лук, која живее во Мексико.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close